ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Мигрант брутално прободе и ограби друг мигрант, докторите се борат и за животот на граѓанин од БиХ

Мигрант чиј идентитет не е познат во јавноста е пронајден со убодна рана во близина на Автобуската станица во Тузла.

Како што се гледа на видеото кое Тузлански.ба го сподели на социјалните мрежи, него со непознат предмет го прободува и физички го напаѓа друг мигрант.

Портпарол на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, Амра Капиџиќ, за Кликс изјави дека околу 12,30 часот, Итната медицинска помош ја известила Полициската станица Запад дека непознато лице, односно мигрант со убодна рана, се наоѓа во близина на Автобуската станица Тузла.

Незадоволните мигранти од кампот липа веќе два дена одбиваат храна: ЕУ ја зголеми помошта за мигрантите во БиХ

Полицијата сè уште трага по напаѓачот. Мотивот за овој напад сè уште не е официјално објавен. Сепак, како што пренесуваат локалните медиуми повредениот мигрант изјавил дека при нападот му биле украдени мобилниот телефон и парите.

Обвинение за група која шверцувала мигранти

Ова е втор ваков напад за кој денес јавуваат локалните медиуми.

Полицијата во Бихаќ приведе тројца мигранти кои се осомничени за напад 34-годишен државјанин на Босна и Херцеговина кој е тешко повреден.

„Тројцата државјани на Мароко, две машки и едно женско лице се приведени во полициската станица во Бихаќ. Моментално со нив се извршуваат информативни разговори“, изјави портпаролот на министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон, Але Шилједедиќ.

34-годишниот државјанин на БиХ добил тешки повреди нанесени со нож во пределот на стомакот и докторите во Бихаќ се борат за неговиот живот.

И двата инциденти се случуваат во период кога во БиХ се зголемени тензиите во врска со стотина илегални мигранти кои во Бихаќ и околината престојуваат на отворено. Повеќе од 800 мигранти и бегалци останаа без засолниште во кампот Липа, а за нив нема место во мигрантските центри во државата.

ВИДЕО: БиХ е пред хуманитарна катастрофа, жителите на Брадина повикуваат на линч и го блокираат влезот на касарна каде треба да бидат сместени мигранти

Министерот за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон, Нермин Клјајиќ, изјави дека овие инциденти се потврда дека ситуацијата излегува од контрола и досега се забележани илјадници други инциденти кои можат да се поврзат со мигрантска криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот