ВИДЕО: БиХ е пред хуманитарна катастрофа, жителите на Брадина повикуваат на линч и го блокираат влезот на касарна каде треба да бидат сместени мигранти

Жителите на Брадина, место во босанската општината Коњиќ, се собраа денес околу бараките на касарната каде треба да бидат сместени мигрантите, јавуваат локалните медиуми.

ВИДЕО I Хаос и анархија во Бихаќ: Мигрантите се обиделе да го блокираат автопатот М-5, реагираше и полицијата

По наводна дојава дека вечерва треба да бидат донесени мигранти кои беа сместени во Бихаќ, неколку десетици граѓани се собраа во близина на овој воен објект.

Во видеото кое се шири низ социјалните мрежи има бројни коментари во стилот „земете мотики и багери и газете ги и мигрантите и полицијата“.

Шефот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во БиХ, Питер Ван дер Оверт, предупреди дека земјата се соочува со хуманитарна катастрофа поради мигрантската криза.

ВИДЕО: Пожар во мигранстки камп во Бихаќ, 1200 бегалци останаа без засолниште

Оверт рече дека ИОМ, заедно со меѓународната заедница, е подготвена да обезбеди покрив над главата за 1.500 до 2.000 мигранти, но дека им е потребна поддршка од властите на локално ниво.

– Во моментов имаме околу 8.000 мигранти во БиХ, 5.000 бегалци се згрижени во центрите. Проблемот е со 3000 бегалци кои живеат на отворено. 1.000 во Липа, 1.500 до 2.000 живеат во напуштени згради и импровизирани кампови. Ние мора да најдеме итно решение за нив – рече тој.

Министерот во Советот на министри на БиХ Вјекослав Беванда денес изјави дека нема одлука на Советот на министри на БиХ за преместување мигранти од Бихаќ во Брадин, ниту постои таков документ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот