ВИДЕО: Пожар во мигранстки камп во Бихаќ, 1200 бегалци останаа без засолниште

Во средата избувна голем пожар во мигрантскиот камп Липа во Бихаќ, а инцидентот се случи на денот кога беше објавено привременото затворање на објектот. Таму во моментов се сместени најмалку 1.200 мигранти.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Унско – Санскиот округ, Але Сијдедиќ потврди дека полицијата интервенирала по дојавата за пожарот и дека истражува што го предизвикало.

Според достапните информации, во пожарот нема повредени.

Медиумите објавија снимки на кои се гледа густ црн чад како лебди над кампот, каде повеќето објекти се состојат од големи шатори и само неколку контејнери.

Кампот во селото Липа, на 20 километри од Бихаќ, го води Меѓународната организација за миграција (ИОМ), која во средата потврди дека ќе биде привремено затворен и мигрантите ќе бидат иселени, бидејќи нема предуслови за престој во зимски услови. Мигрантите живеат без греење, под шатори што може да пропаднат во случај на снежни врнежи, па затоа ИОМ не сака да преземе одговорност за можните последици од таквата состојба. Сите вработени во ИОМ го напуштија кампот во текот на денот.

Вчера, Советот на министри на БиХ одлучи овој импровизиран камп да биде пренаменет и претворен во контејнерска населба каде што мигрантите можеа да останат цела година. Со што би се овозможиле услови да имаат греење, проточна вода и електрична енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот