Незадоволните мигранти од кампот липа веќе два дена одбиваат храна: ЕУ ја зголеми помошта за мигрантите во БиХ

Тие извикуваа „Сакаме правда“, а носеа и транспаренти „Сакаме помош од ЕУ“, „Ние не сме животни, туку луѓе“, „ИОМ помогнете“ …

Европската унија соопшти дека ќе ја зголеми помошта за мигрантите во Босна и Херцеговина за 3,5 милиони евра кои живеат во „неприфатливи” услови и повика на обнова на неодамна опожарениот камп Липа.

Во близина на границата меѓу Хрватска и БиХ: Стотици мигранти почнаа штрајк со глад

Таа дополнителна помош, насочена кон „ранливите бегалци и мигранти кои се соочуваат со хуманитарна катастрофа во Босна”, е дополнување на 4,5 милиони евра одобрени од Брисел во април 2020 година, соопшти Европската комисија.

По пожарот што целосно изгоре камп во близина на босанскиот град Бихаќ на 23 декември, илјадници мигранти останаа без покрив над главата, на границата со ЕУ.

ВИДЕО: Повеќе од 800 мигранти ќе спијат под отворено небо, не беа префрлени во друг прифатен камп

– Ситуацијата е неприфатлива. Сместувањето прилагодено на зимските услови е неопходно за достоинствен живот што мора да биде загарантиран во секое време, изјави шефот на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел.

– Локалните власти мораат да ја стават на располагање постојната инфраструктура и да обезбедат привремено решение (за сместување) се додека кампот Липа не се обнови и не стане трајна инфраструктура, нагласи тој.

ВИДЕО: БиХ е пред хуманитарна катастрофа, жителите на Брадина повикуваат на линч и го блокираат влезот на касарна каде треба да бидат сместени мигранти

Министерот за безбедност на БиХ, Селмо Цикотиќ денеска соопшти дека со итни мерки ќе го решат проблемот со илегалните мигранти кои живеат на отворено крај Бихаќ и протестираат против нивното лошо постапување со штрајк со глад. 

За време на посетата на делегациите, предводени Цикотиќ, мигрантите на Липа во Бихаќ протестираа незадоволни од односот кон нив.

Тие извикуваа „Сакаме правда“, а носеа и транспаренти „Сакаме помош од ЕУ“, „Ние не сме животни, туку луѓе“, „ИОМ помогнете“ …

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот