Во близина на границата меѓу Хрватска и БиХ: Стотици мигранти почнаа штрајк со глад

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Стотици илегални мигранти, блокирани на отворено во близина на босанскиот град Бихаќ, почнаа штрајк со глад и одбија да се сместат во шатори, објавија медиуми во БиХ.

Припадници на босанската војска вчера поставија десет големи шатори, како времено засолниште за околу 900 илегални мигранти. Сепак, мигрантите организираа протест со барање за подобро сместување. Тие одбија да ја прифатат храната обезбедена од Црвениот крст.

Босанската Влада побара мигрантите да бидат сместени во поранешниот прифатен центар „Бира“ во Бихаќ, но локалните власти категорично го отфрлија таквиот предлог. Уште еден обид за префрлање на мигрантите во напуштени бараки во близина на херцеговскиот град Коњиц, исто така, не успеа откако локалните жители во знак на протест го блокираа пристапот до објектите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот