Во Унгарија пристигнуваат 40.000 дози од руската вакцина Спутник V

Фото: EPA-EFE/Bolivian Ministry of Foreign Affairs / HANDOUT MANDATORY CREDIT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Унгарија денеска ќе ја добие првата серија од руската вакцина против Ковид-19, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Минатиот месец Унгарија стана првата земја членка на ЕУ која ја купи руската вакцина Спутник V.

Според Сијарто, во земјата денеска ќе пристигнат 40.000 дози од руската вакцина.

Минатиот месец Унгарија потпиша договор со Русија за купување два милиони дози вакцината против ковид-19, Спутник-V.

Минатиот петок,  унгарскиот Регулатор за безбедност на лекови и храна,  за итна употреба ја одобри  и кинеската вакцина Синофарм, што ја прави прва земја во Европската унија што го стори тоа.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот