Фото: илустрација / МИА / архива

Скопјанец пукал со пиштол кон неговата сопруга, им се заканувал на ќерките и тепал една од нив

Скопјанец е уапсен откако пукал со пиштол дома, им се заканувал на сопругата и на трите ќерки и физички нападнал една од нив, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 6 март 2026 година, во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 55-годишниот Б.С. од Скопје поради сомнение дека со пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја нападнал 24-годишната ќерка,“ соопшти МВР.

Денес се случи убиство – сестра ми и внука ми со години трпеа терор дома, вели скопјанец по страшната трагедија во Тафталиџе

Според пријавеното, на 1 март 2026 година, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што отишол кај 24 и кај 18-годишната ќерка, им се заканувал и физички ја нападнал 24-годишната ќерка.

„Како што е пријавено, тој насилното однесување го повторил околу 22:30 часот на 5 март 2026 година, при што повторно со пиштол се заканувал на сопругата, но бил спречен од ќерките да не го употреби,“ се додава во соопштението на МВР.

Б.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Двајца скопјани завршиле во станица откако биле пријавени дека ги тепале своите сопруги

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот