Се породи Џенифер Лоренс: Актерката и нејзиниот сопруг го кријат полот и името на детето

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерката Џенифер Лоренс и нејзиниот сопруг Кук Маруни станаа родители.

Веќе неколку пати досега неуспешно се шпекулираше за нејзиното породување, но ниту еднаш тие шпекулации не беа вистинити и парот не ги потврдуваше.

Како што сега наведува магазинот „People“, таа неодамна се породила, но популарниот пар одлучил да не објавува било какви информации за раѓањето, како што е роденденот, полот или името на детето.

Актерката од серијата „Don`t Look Up“ му поска добредојде на своето прво дете со својот сопруг Кук Маруни, но деталите за раѓањето и бебето се чуваат во тајност.

„Со сите сили сакам да ја заштитам неговата приватност до крајот на животот, колку што можам“, изјави бремената Лоренс уште во ноември минатата година.

Парот неодамна (12 април) е забележан на прошетка со своето новороденче, пренесува „People“.

Фото: Профимедиа

Парот својата врска јавно ја објави во 2018 година. Се венчаа една година подоцна во тајност во луксузна вила. На свечената церемонија присуствуваа бројни познати лица како Крис Џенер, Адел, Ема Стоун

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот