Прваче од БиХ до новинарка: Стави ја маската на нос, не сакам да се заразам! (ВИДЕО)

Новата учебна година започна во сараевскиот кантон во БиХ, а новинарката на телевизијата „Н1“ разговарала со едно прваче токму на оваа тема, од кое сепак доби неочекуван одговор.

На објавеното видео се гледа како детето со маска ја предупредува новинарката дека таа маската не ја носи според пропишаното.

На новинарката маската и била под носот, а покриена и била само устата. Првачето и рекло дека тоа не е добро.

– Има корона, треба да се носи маска, не сакам да се заразам. И плус, стави ја маската на нос – вели првачето.

Новинарката се извинува за неправилното носење на маската и му рекла дека тој има право и го прашува дали знае што значи дека во училиштето сите треба да бидат на дистанца.

– Да, да. Можам да застанам малку подалеку поради вирусот– одговора првачето, при што се гледа како се оддалечува од новинарката.

Погледнете го хит видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот