Ова е мојот маж кој цел живот СТРОГО водеше сметка за здравјето: Јас пијам вино, тој цеден сок, јас шеќер, тој мед и ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА РАЗЛИКАТА МЕЃУ НАС (ФОТО)

принтскрин

Мојот сопруг живееше најздраво на свет, а јас никогаш не сум водела сметка за исхраната. Кога направивме систематски преглед, доживеавме шок!

Приказната за жената по име Норма Вилијамс го привлече вниманието на луѓето на Reddit. Како што вели нејзиниот сопруг цел живот строго ги почитувал правилата за здрав живот, додека таа целиот живот пушела и јадела што сака, консумирала и поголеми количини алкохол и опијати. Разликите меѓу нив се големи и физички и здравствено, но ќе се изненадите во чија корист.

– Мојот сопруг е фит и здрав човек во своите осумдесети години. Не пие лекови. Никогаш не пиел алкохол, ниту пак пушел. Исклучително внимава како се храни и јаде многу разновидно овошје, особено портокали. Наместо шеќер, користи мед во секоја прилика.

Додека јас среќно го пиев своето вино (дури и по еден литар дневно), тој гордо си го пиеше својот сок од портокал. Покрај тоа, ќе изедеше уште најмалку три цели портокали. И додека јас практично со лопата си ставав шеќер во чајот и кафето, тој се ограничуваше на лажица мед во пијалокот.

Не отишол на доктор цели 28 години. Немал никакви проблеми и живеше по своите правила. Меѓутоа, поради осигурувањето моравме и двајцата да одиме на преглед. Моите тестови (а имајте на ум дека цел живот уживав во алкохол и лесни наркотици) покажа дека јас со 70 години имам совршено здравје, дури и здрав црн дроб.

Резултатите на мојот сопруг покажаа неколку проблеми, вклучувајќи и дијабетес тип два. Деталната анализа покажа дека организмот му е прилично здрав, освен панкреасот кој му е оштетен од премногу портокали и мед. Докторите му забранија портокали, мед, банани – до крајот на животот. Дозволено му е повремено да изеде бобичесто овошје, киви и грејпфрут. исто така, ќе мора и да вежба.

Денес, шест месеци подоцна, откако се придржуваше до сите препораки, успеа малку да го намали шеќерот. И понатака е дијабетичар и мора да внимава на внесот на јаглени хидрати до крајот на животот, и тоа се поради портокалите и медот.

Навистина е смешно кога подобро ќе размислите – тој навистина правеше се што треба, додека јас уживав во виното и мене не ми е ништо, а на него здравјето не му е добро. Верувам дека сигурно има влијание и тоа што вежбам и што отсекогаш сум вежбала – порача Норма Вилијамс на Reddit.

Со своите споредби предизвика многу чудење, бидејќи таа воопшто не изгледа како да има 70 години и многумина забележуваат дека изглееда барем неколку децении помладо од својот сопруг, и покрај нејзиниот неуреден начин на живот, додека тој се работел според правилата и сепак добил дијабетес, а не ја зачувал ниту младоликоста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот