Одлична идеја за ова попладне: Чоколаден домашен сладолед – Леден десерт кој брзо се подготвува, а ќе ги освои сите ваши сетила!

Омилениот летен десерт, па уште и од чоколадо…. Дали можете да замислите нешто послатко во топлите денови?

Потребни состојќи:

– 5 белки
– 10 супени лажици шеќер
– 5 жолчки
– 5 дл слатка павлака
– 1 ванилин шеќер
– 300 мл млеко
– 200 гр црно чоколадо
– 100 гр лешници

Подготовка:

Млекото ставете го во сад на оган и добро загрејте го. Во чинија изматете ги жолчките па додадете им шеќер. Во жешкото млеко додадете ги жолчките и оставете смесата да се згусне како кога подготвувате пудинг, со постојано мешање. Потоа тргнете го садот од оган.

Изматете ги посебно белките па додадете ги во изладената смеса од млеко и жолчки. Потоа изматете ја и слатката павлака па додадете и го растопеното чоколадо. Соединете ги двете смеси (јајцата и млекото со слатката павлака со чоколадо).

Се добро измешајте и претурете ја смесата во сад кој ќе го ставите во замрзнувачот, а одозгора посипете со сецкани лешници. Оставете го сладоледот во замрзнувач најмалку три часа.

При сервирање можете да додадете и чоколаден или пак карамела прелив, топено чоколадо и сл, бидете креативни…

Уживајте!!!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот