Одборот на „Тесла“ до акционерите: Платете му на Маск или ќе си оди
Одборот на директори на компанијата „Тесла“ целосно се обложи на сопственикот Илон Маск, а сега инвеститорите треба да решат дали ќе ја поддржат најголемата заложба во историјата на компанијата, објави „Ројтерс“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
В четврток акционерите ќе гласаат за дилема што ја постави Одборот: дали Маск да добие до 878 милијарди долари во акции или да се ризикува негово заминување — што може да предизвика пад на вредноста на акциите. Одлуката, според аналитичарите, е референдум за тоа дали правилата на корпоративното управување важат и за најбогатиот човек на светот.
„Се исплати Маск да добие толку пари“
Одборот и голем дел инвеститори тврдат дека само Маск може да ја претвори „Тесла“ во технолошки гигант за вештачка интелигенција, кој ќе произведува автономни такси-возила и хуманоидни роботи. Ако ги исполни сите цели, пазарната вредност на компанијата би пораснала на 8,5 трилиони долари, а Маск би поседувал околу 25 отсто од акциите.
Илон Маск ја подготвува Грокипедија затоа што „Википедија ги одразува левичарските ставови“
Тој би ја добил најголемата исплата во историјата за позицијата извршен директор, дури и ако не ги исполни сите цели. Дел од инвеститорите тоа го оправдуваат, велејќи дека ќе заработат повеќе ако акциите пораснат шестпати, колку што е условот за исплата.
„Не е баш исплатливо Маск да добие толку пари“
Други акционери и експерти за корпоративно управување предупредуваат дека пакетот е огромен ризик. Тие велат дека се нарушуваат основните принципи на управување бидејќи иднината на компанијата се врзува за еден човек со повеќе судири на интереси и без ефективна контрола.
Неколку големи институционални инвеститори — меѓу нив најголемиот американски пензиски фонд „Калперс“ и норвешкиот државен инвестициски фонд „Норџес бенк инвестмент менаџмент“ — јавно се спротивставија на исплатата. Тие тврдат дека пакетот може да ја намали вредноста на акциите и да го зголеми ризикот од зависност на компанијата од една личност.
„Дајте пари или ќе заминам“
Маск им порачал на членовите на одборот дека може да се посвети на другите свои компании доколку не се договорат.
Претседателката на одборот, Робин Денхолм, повеќепати нагласила дека „Тесла“ би изгубила голема вредност ако Маск замине.
Маск ѝ даде нов план на НАСА – сака да стигне пред Кина на Месечината
Експертите го оценуваат ова како „класична уцена од ѕвезда-директор“, Маск ја користи заканата дека ќе си оди за да добие невидено голем надомест.
„Ова е човек што е спремен да се застрела во глава ако не добие пари“
Според американските медиуми, ова гласање ќе биде прво откако „Тесла“ ја пресели регистрацијата од Делавер во Тексас, каде што законите се поволни за извршните директори и го ограничуваат правото на акционерите да тужат.
Поранешниот пакет од 2018 година, вреден првично 56 милијарди долари, беше поништен од судот во Делавер, кој го нарече „незамисливо голема сума“. „Тесла“ поднесе жалба и веќе му додели на Маск акции вредни 40 милијарди долари како „прв чекор“ во исполнување на тој договор.
Гласањето в четврток ќе биде клучно. Ако акционерите го поддржат Маск, тој би можел да стане првиот трилионер во светот и да ја зацврсти контролата врз „Тесла“. Ако не, компанијата ризикува нестабилност и можен пад на вредноста на акциите доколку тој навистина си замине.
Како што вели професорот од Јејл, Гаутам Мукунда:
„Ова е човек што држи пиштол кон сопствената глава и вели: ‘Дајте ми трилион долари.’ Работата на одборот не е само да кима со глава“.


