Нова занимација за ова попладне – Кнедли со кајсии: Неодоливи, меки и неверојатно сочни!

Во овој рецепт ве уверуваме дека ќе се заљубите на прв поглед…

Потребни состојки:

– 10 кајсии
– 300 грама компир
– 150 грама брашно
– 50 грама путер
– 1 јајце
– малку сол и шеќер
– малку презла и путер
– шеќер и цимет

profimedia

Подготовка:

– Измијтe ги кајсиите, преполовете ги и извадете ги семките, па повторно спојте ги.
– Сварете го компирот, процедете и додека е уште врел додадете му го путерот.
– Гмечете се додека да добиете меко пире.
– Одвоено помешајте го брашното, солта и шеќерот, па полека додадете го и компирот и мешајте. На крај додадете го и јајцето.
– Измесете го добиеното тесто на работна маса и поселете го на 10 делови.
– Со едно дел од смесата обвиткатјте една кајсија, а постапката повторете ја и со другите кајсии и варете ги во вода што врие се додека не испливаат на површината.
– Можете да запршите малку презла на масло или путер и да ги извалкате кнедлите. Но овој чекор можете и да го прескокнете доколку сакате помалку калории.
– На крајот послужете ги со мешавина од шеќер или цимет.

Рецептот има и друг начин на подготовка, каде кнедлите наместо да се варат во вода, се пржат во длабоко масло, се додека не испливаат на површината. Изборот е ваш, и вака и така, вие ќе уживате!

Брзо, лесно и многу вкусно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот