Неверојатни бројки на Ѓоковиќ во триумфот на Австралија Опен
Новак Ѓоковиќ со победата во три сета над Данил Медведев во финалето на Австралија Опен, дојде до деветтиот триумф во Мелбурн. На патот до шампионскиот пехар, Ѓоковиќ дојде до неколку неверојатни достигнувања.
Триумфот над Медведев беше 82. на Австралија Опен во 90. настап, а досега на грен слем турнирите има 303 победи, со што се наоѓа веднаш зад водечкот Рожер Федерер кој има 362 победи.
Со победата во Мелбурн, Ѓоковиќ веќе 16. година по ред освојува најмалку еден АТП трофеј и на вечната листа пред него се само Надал со 17 сезони и Федерер и Андре Агаси со 18 сезони по ред во кои освојувале барем еден трофеј.
Ова беше 11. сезона на српскиот тенисер во која освојува најмалку еден грен слем трофеј.
По неговиот тренер, и Ѓоковиќ им одговори на критичарите: Не бевте фер, но не е прв пат
Новак Ѓоковиќ стана четвртиот тенисер или тенисерка кој освоил девет или повеќе грен слем трофеи на еден турнир. Рафаел Надал има 13. триумфи на Ролан Гарос, Маргарет Корт има 11. титули на Австралија Опен, додека Мартина Навратила има девет триумфи на Вимблдон. Зад оваа четворка се наоѓаат Рожер Федерер и Хелен Вилс со осум трофеи на Вимблдон и Мола Малори со осум титули на УС Опен.
Ѓоковиќ по втор пат успеа да дојде до три едноподруго триумфи на Австралија Опен. Првиот пат тоа го направи од 2011 до 2013 година, а само уште двајца тенисери имаат ваков подвиг во Мелбурн: Џек Крафорд (1931-1933) и Рој Емерсон кој има дури пет победи едноподруго (1963-1967).
Иванишевиќ ги нападна критичарите на Новак: Многу добро знам какви болки имаше Ѓоковиќ