Иванишевиќ ги нападна критичарите на Новак: Многу добро знам какви болки имаше Ѓоковиќ

Според Горан Иванишевиќ, Новак Ѓоковиќ има уште доста да понуди на тениските терени/Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Еден од двајцата тренери на Новак Ѓоковиќ, емотивно ја доживеа деветтата титула српскиот тенисер на Австралија Опен, посебно откако беше цел на критики дека ја лажирал повредата.
Многумина се сомневаа дека Новак Ѓоковиќ во третото коло против Тејлор Фриц играше повреден и критиките не стивнуваа се до последниот ден од грен слем турнирот.
Тогаш Ѓоковиќ водеше со 2:0 во сетови, но се пожали на болки на стомачните мускули по што тој момент го искористи Тејлор Фриц да се врати во игра и да загуби дури во петтиот сет.

– Новак направи се што се договоривме пред дуелот со Данил. Ова беше негово ремек дело. Му беше потребна оваа победа. Повредата се појави од одеднаш, одеше на магнетна резонанца по дуелот и не беше лесно да се борите со критиките. Многу добро знам какви болки имаше Новак. Кога и да кажеше нешто, веднаш беше цел на критики. Кога не зборува, повторно е цел на критики. Тоа е неверојатно – изјави Иванишевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот