По неговиот тренер, и Ѓоковиќ им одговори на критичарите: Не бевте фер, но не е прв пат

Новак Ѓоковиќ подготвен во Њујорк да го освои „златниот“ слем/Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Речиси од пристигнувањето во Австралија каде настапи на АТП Купот, а потоа на првиот годинешен грен слем турнир, Новак Ѓоковиќ постојано беше цел на критики.

Најпрво беше критикуван поради писмото кое му го упати на првиот човек на Австралија Опен, Крег Тили, во кое бараше подобар третман за тенисерите и тенисерките кои беа во строг карантин и 14 дена не смееја да ги напуштат своите соби.

Ѓоковиќ: Скинав мускул во Мелбурн, не знаев дали ќе играм!

Најголемиот удар го доживеа кога беше обвинет дека ја лажирал повредата во дуелот против Тејлор Фриц. Тогаш се доведуваше дури и честа на Ѓоковиќ иако тој се пожали на повреда при негово водство од 2:0 во сетови и во моменти кога доминираше на теренот.

Прво Фриц даде провокативна изјава, а потоа и медиумите и други тениски личности се надоврзаа на изјавата на Американецот, но Ѓоковиќ открива дека тоа му претставувало дополнителен мотив за да оди до крај.

Иванишевиќ ги нападна критичарите на Новак: Многу добро знам какви болки имаше Ѓоковиќ

– Не беше фер, но не е прв пат. Не дозволов тоа да ми попречи, мојот одговор на сето тоа е освојувањето на титулата. Сиве овие години станав посилен, избегнувам ваквите работи да ги сфаќам премногу лично и се фокусирав само на тоа што ми е најважно – одговори Ѓоковиќ за третманот на медиумите.

Ѓоковиќ се откажа од милиони долари за освојување на „Австралија опен“

Најубавата приказна по триумфот во Мелбурн, шампионскиот рекет на Новак заврши кај негова школска другарка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот