Ѓоковиќ се откажа од милиони долари за освојување на „Австралија опен“

Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Новак Ѓоковиќ го совлада Данил Медведев во финалето на „Австралија опен“ со 7:5, 6:2 и 6:2. Така по деветти пат го освои Мелбурн и вкупно 18 грен слем во кариерата. Покрај тоа, заработи и огромен хонорар.

Србинот за освојување на првиот грен слем освои 2,13 милиони долари. Големо богатство, но далеку помалку отколку што доби за титулата минатата година, кога му беа исплатени 3,12 милиони долари.

Навидум чудната ситуација станува уште побизарна со фактот дека наградниот фонд на Австралија опен е поголем за 7 милиони долари оваа година.

Но, како што откри директорот на турнирот Крег Тили, Ѓоковиќ се согласил драстично да ги намали наградите на победниците за да им се дадат повеќе пари на младите играчи и оние кои ќе отпаднат во раните фази, за да се олесни тешката ситуација поради ситуацијата со ковид-19, а исто и да се помогне со големи трошкови за патување до Австралија и назад.

Ноле во кариерата заработи рекордни 145 милиони долари во турнирските кариери, без хонорари за денешниот триумф во Мелбурн.

Иванишевиќ ги нападна критичарите на Новак: Многу добро знам какви болки имаше Ѓоковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот