Ѓоковиќ: Скинав мускул во Мелбурн, не знаев дали ќе играм!

epa09027210 Novak Djokovic of Serbia in action during his Men's singles finals match against Daniil Medvedev of Russia on Day 14 of the Australian Open Grand Slam tennis tournament at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 21 February 2021. EPA-EFE/DEAN LEWINS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека за време на „Австралија опен“, каде денеска ја освои деветтата титула, искинал стомачен мускул и дека не било фер што се шпекулирало дали навистина е повреден.

Првиот тенисер на светот искина мускул на мечот од третото коло против Тејлор Фриц од САД.

– Веднаш почувствував дека пукна стомачен мускул. После мечот претпоставував дека е тоа, но почувствував дека е искинат. Имаше шпекулации, прашуваа колку брзо се опоравив, што е невозможно. Јас ги разбирам, секој има право на свое мислење, но не е фер. Но, тоа не е ниту прв, ниту последен пат. Не дозволив тоа да влијае на мојата игра, го освоив трофејот како одговор на сето тоа – рече Ѓоковиќ.

– Не бев оптимист дека ќе играм осминафинале, два часа пред мечот не знаев дали ќе играм. Болката беше поднослива и прифатив дека морам да играм со тоа. Благодарен сум на медицинскиот тим – додаде првиот играч во светот.

ВИДЕО | Австралија Опен: Ѓоковиќ останува крал на Мелбурн

Тој рече дека чувствува болка и не ужива во тоа што отворено го напаѓаат медиумите.

– Не можам да кажам дека не ми е гајле, но мислам дека имам дебела кожа, да се занимавам со тие работи и да се концентрирам на она што е важно за мене – додаде тој.

Тој најави дека на крајот на годината ќе биде објавен документарец, во кој ќе биде објаснето сè што се случило во Австралија.

– Ова беше ролеркостер, моите емоции беа измешани, имаше многу пожртвуваност, на почетокот не се чувствувавме добредојдени, особено заради она што го пишуваа медиумите за тенисерите, но ова беше успешен турнир за Австралија и организаторите. Тешко дека ќе ја видиме публиката каде било на трибините – се зборовите на Ноле.

Воедно истакна дека сè уште не одлучил на кои турнири ќе игра во оваа сезона, бидејќи не е лесно да се биде постојано на пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот