ВИДЕО | Австралија Опен: Ѓоковиќ останува крал на Мелбурн
Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, дојде до деветтиот триумф на Австралија Опен откако во финалето го совлада Русинот Данил Медведев.
Ѓоковиќ останува „владетел“ на тениските терени во Мелбурн, а доминацијата ја потврди и во финалето против Медведев кого го победи во три сета и тоа со 7:5,6:2,6:2. Ова е девеети триумф на Ѓоковиќ во Мелбурн, а вкупно 18. грен слем трофеј во кариерата со што им се приближи на Рафаел Надал и Рожер Федерер кои имаат по 20. грен слем трофеи.
What. A. Performance.
9-0 in #AusOpen finals ?#AO2021 pic.twitter.com/nKkwNVmkAi
— #AusOpen (@AustralianOpen) February 21, 2021
За тоа колку Ѓоковиќ е доминантен на терените во Мелбурн, доволно говори и податокот дека српскиот тенисер по деветти пат игра во финалети и по деветти пат го крева шампионскиот пехар.
???????? ?? ?????????
The moment @DjokerNole claims his 9th #AusOpen title.#AO2021 pic.twitter.com/2sQVBGF0Wv
— #AusOpen (@AustralianOpen) February 21, 2021
Првиот сет започна со брејк на Ѓоковиќ во вториот гем со кој поведе со 3:0, но Медведев веднаш возврати и тој со серија од три гема, ја врати неизвесноста во првиот сет. Потоа и двајцата тенисери беа сигурни на своите сервиси кои ги освојуваа речиси без да загубат ниту еден поен. Така беше се до 12. гем во првиот сет, кога Ѓоковиќ ја искористи третата брејк топка за 7:5 и водство од 1:0 во сетови.
Вториот сет започна со брејк на Медведев, со „кралот на Мелбурн“ експресно одговори, веднаш направи рибрејк, а потоа одзеде уште еден сервис на Русинот и поведе со 4:1. До крајот на вториот сет, Медведев освои само еден гем.
Во третиот сет, Ѓоковиќ беше уште подоминантен, поведе со 3:0 и предноста ја зачува до самиот крај за триумф од 6:2 и по деветти пат да го крене шампионскиот пехар на Австралија Опен.
Погледнете ја галеријата: