Најубавата приказна по триумфот во Мелбурн, шампионскиот рекет на Новак заврши кај негова школска другарка
Новак Ѓоковиќ го победи Данил Медведев во финалето на Австралија Опен со 7:5,6:2,6:2 и по деветти пат го крена шампионскиот пехар.
За подвигот да биде поголем, српскиот тенисер славеше во сите девет финалиња во Мелбурн, а исто така дојде и до 18. грен слем трофеј во кариерата.
По големата победа, тенискиот рекет со кој го совлада Медведев, Ѓоковиќ и го подари на една навивачка, за која медиумите експресно открија дека таа му е драга личност.
Имено, неговите навивачи во Мелбурн открија дека рекетот со кој триумфира на омилениот грен слем турнир, Ѓоковиќ и го подари на својата школска другарка, Драгана со која за прв пат се гледа уште од школските денови.