Модерните сестри Кардашијан – Џенер: Кои се татковците на нивните деца
Семејството Кардашијан-Џенер потекнува од големо потомство и со текот на годините само се надополнуваше. Во серијалот „Keeping Up With the Kardashians“, сестрите постојано зборува за улогата на родител и биле многу јасни во нивните желби да станат мајки. Единствената која нема свои деца е Кендал.
Иако сите освен Кендал имаат по неколку деца, тие деца не се производ на брак, туку најразлични видови на романтични релации. Постои термин во американската култура „baby mama“ кој означува „жена која е мајка на детето, но никогаш сопруга“. Иако, се користел во пејоративен контекст со децении, сестрите Кардашијан-Џенер дефинитивно го „нашминкаа“ и направија погламурозен.
Скот Дисик
View this post on Instagram
Скот Дисик, јавноста го запозна како момче на Кортни во серијалот „Keeping Up With the Kardashians“. Тој брзо стана миленик на обожавателите со неговиот саркастичен хумор и егостичен пристап кон себеси. Кортни и Скот почнаа да се забавуваат во 2006 година и имаа три деца заедно за време на нивната романса: синот Мејсон во декември 2009 година, ќерката Пенелопе во јули 2012 година и синот Рејн во декември 2014 година. Откако се разделија во јули 2015 година, парот остана во пријателски однос, иако тие продолжија со животот и остваруваа романтични врски со други луѓе. Тој, исто така, продолжи да биде дел од серијалот „Keeping Up With the Kardashians“.
Поранешниот партнер на Кортни Кардашијан полудува од болка – не може да ја преболи
Канје Вест
На Канје Вест не му е потребен вовед. Ким почна да се гледа со својот долгогодишен пријател Канје во 2012 година. Нивното прво дете, ќерката Норт, пристигна во јуни 2013 година, а се венчаа во мај 2014 година. Синот Сент им се роди во декември 2015 година, но дуото одлучи да користи сурогат за следните две бремености поради компликации. Ќерката Чикаго се роди во јануари 2018 година, а синот Псалм дебитиреше во мај 2019 година. Ким поднесе барање за развод од Вест во февруари 2021 година по шест години брак.
Тристан Томпсон
View this post on Instagram
Тристан Томпсон ги полнеше медиумите со написи како сериски прељубник. Клои првпат предизвика гласини за врска со НБА играчот во август 2016 година. Додека беше бремена со нивното прво дете, се појавија вести дека Томпсон ја изневерувал со повеќе жени. Меѓутоа, откако таа ја роди нивната ќерка Тру во април 2018 година, тие решија да останат заедно. Сепак, на крајот се разделија во февруари 2019 година, откако тој беше фатен како се бакнува со тогашната најдобра пријателка на Кајли, Џордин Вудс. Следната година се обидоа поврторно, но ново неверство на Тристан ѝ стави официјален крај на врската.
Тревис Скот
Кајли и раперот ја објавија својата врска во април 2017 година. Таа ја роди нивната ќерка Сторми во февруари 2018 година, откако ја премолчи бременоста и го изненади светот. Во октомври 2019 година нивната романса ја ставија на пауза. Во август 2021 година дека Кајли и Скот споделија дека го очекуваат своето второ дете заедно. Двојката го пречека својот син во февруари 2022 година, и додека неговото име првично беше објавено како Вулф, парот го смени еден месец подоцна.