ФОТО+ВИДЕО | Кајли Џенер за искуството со втората бременост и зошто се „предомислиле“ за името на синот

Кајли Џенер, Фото: Инстаграм

Кајли Џенер, која на 2 февруари го роди своето второ дете со раперот Тревис Скот, сподели детали од бременоста со нејзините обожаватели. Недела дена подоцна на својот инстаграм-профил го објави името на синот – Волф Вебстер. Двојката ја дели и 4-годишната ќерка Сторми.

Кајли Џенер, Фото: Инстаграм

ФОТО | Кајли Џенер и Тревис Скот станаа родители по втор пат: Познат е и полот на бебето

Кајли Џенер, фото: Инстаграм

Џенер сподели видео на својот јутјуб-канал со наслов „На нашиот син“, кое е омаж на нејзиното ново бебенце. Ова е надоврзување на дневничкиот видео запис од 2018 година, „На нашата ќерка“, кој ја документира тајната бременост на Џенер. Таа го дочека своето прво дете со Скот, ќерката Сторми Вебстер, на 1 февруари истата година.

Во видеото насловено „На нашиот син“, Кајли исто така соопшти дека го промениле името на нивниот син, бидејќи не му одговарало.

„Инаку нашиот син повеќе не е Волф. Едноставно навистина не се чувствувавме како да е за него името. Само сакав да споделам затоа што постојано гледам Волф насекаде“, рече таа.

Уште едно уникатно име: Кајли Џенер го откри името на нејзиниот син

Кајли Џенер, Фото: Инстаграм

Џенер не го сподели новото име на нејзиниот син

24-годишната ријалити-ѕвезда неодамна на својот инстаграм-профил откри дека нејзиното искуство по породувањето „не било лесно“.

„Ова искуство лично за мене беше малку потешко отколку со ќерка ми“, рече Џенер во видеото. „Не е лесно ментално, физички, духовно. Во ред е да не си во ред. Откако сфатив дека вршам одреден притисок врз себеси, постојано се потсетувам дека направив цел човек, убаво, здраво момче“, заклучи таа.

ФОТО | Кајли Џенер сподели фотографија со прстен: Дали се случила тајна венчавка со Тревис Скот?

Кајли Џенер, Тревис Скот, Фото: Инстаграм
Кајли Џенер, Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот