ФОТО+ВИДЕО | Временски приказ: Сè што треба да знаете за триаголникот на Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон и Канје Вест

ким канје пит
Канје, Ким, Пит, Фото: Профимедиа, Инстаграм. ЕПА

Врската на Ким Кардашијан и комичарот Пит Дејвидсон станува сериозна, а Канје Вест никако да го прифати елегантно тоа. По октомвриското гостување на Ким во „Saturday Night Live“, меѓу неа и Пит започна романса, а на 11 март, Кардашијан објави фотографии од неа и Дејвидсон на нејзиниот инстаграм-профил.

Па, ако се прашувате како Кардашијан и Дејвидсон станаа од „опуштено состанување“ до официјално дечко и девојка? И во кој момент Кардашијан и Вест престанаа мирно да ги одгледуваат своите четири деца и почнаа да се караат на Инстаграм?, прочитајте подолу.

Jануари 2019 година

Временската рамка на врската на Кардашијан-Дејвидсон всушност започна во 2019 година, долго пред ријалити ѕвездата да поднесе барање за развод од Канје Вест. Во јануари истата година, таа сподели серија фотографии од роденденската прослава на раперот Кид Куди. Веројатно таа била зад камерата и направила повеќе фотографии од Вест како се насмевнува покрај Куди, Дејвидсон и актерот Тимоти Шаламе.

Октомври 2021 година

Иако не е јасно дали Кардашијан и Дејвидсон останале пријатели по роденденската забава на Куди, она што го знаеме е дека тие имаат огромна хемија кога Ким гостуваше на „SNL“ на 10 октомври 2021 година. Двајцата ги здружија силите за скеч на тема Аладин и технички го споделија нивниот прв бакнеж, иако тие не се состануваа во тоа време. Подоцна истиот месец, стана јасно дека нивната поврзаност на екранот е вистинска кога беа фотографирани како се држат за раце во луна парк на 29 октомври.

Ноември 2021 година

Кардашијан и Дејвидсон дополнително ги поттикнаа шпекулациите кога „TMZ“ објави дека отишле на „тајна вечера“ во „Campania“ на 2 ноември, за која се вели дека е омилен ресторан на Пит Дејвидсон во неговиот роден град Стејтен Ајленд. „Пит приватно организираше вечера на покривот“, изјави извор за „Page Six“.

Веќе од следната недела, повеќе извори за странските медиуми изјавија дека Ким и Дејвидсон се вљубуваат еден во друг.

ВИДЕО+ФОТО | Има ли уште сомнежи? Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон на пица и сладолед држејќи се за раце и во топла прегратка

На 17 ноември тие беа фатени како се држат за раце на фотографиите до кои дојде Дејли Мејл.

Фатени за рака на „ролеркостер“: Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон поминаа викенд заедно

Следниот ден, тие ја официјализираја нивната „инстаграм врска“ споделувајќи фотографија од неговата роденденска забава. На сликата, Дејвидсон, Кардашијан и Крис Џенер сите носеа соодветни пижами од брендот на Ким.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Flavor Flav ⏰ (@flavorflavofficial)

За време на појавувањето на Годишниот настан за Денот на благодарноста на Мисијата во Лос Анџелес на 24 ноември, Канје Вест призна дека сака да ја поправи својата врска. „Направивме грешки. Направив грешки“, ѝ рече тој на толпата. „Јавно направив работи што не беа прифатливи како сопруг“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye (@kanyewest)

Декември 2021 година

Иако Кардашијан не се врати кај Вест откако тој ја замоли за прошка, таа откри дека нема замерки меѓу неа и нејзиниот поранешен сопруг. Таа поднесе правни документи со барање да се забрза нивниот развод. Ким во интервју објасни дека нејзината врска со Канје не може да се поправи.

Таа уште еднаш докажа дека е подготвена да продолжи понатаму кога околу 20 декември комичарот излегол од хотелот на Кардашијан во Њујорк откако таму„ја поминал ноќта“.

ФОТО+ВИДЕО | Зошто многу од жените го сакаат Пит Дејвидсон?

По Божиќ, Вест купи дом од 4,5 милиони долари спроти куќата на Ким за да биде блиску до нивните деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BR | Music Theme Page (@babikrecords)

Јануари 2022 година

Во јануари светот дозна за враката на Канје и Џулија Фокс. Иак,о раперот беше во нова врска, тој не можеше да го оттргне од Ким и нејзиното ново момче. Во песната што ја издаде – „Eazy“, Канје рапува за Пит. „Господ ме спаси од тој судир/само за да можам да го натепам Пит Дејвидсон“, спомнувајќи ја речиси фаталната сообраќајна несреќа од 2002 година, која ја инспирираше неговата песна „Through The Wire“.

Канје Вест му се закани на Пит Дејвидсон – со стихови во новата песна!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by No Jumper 🏀 (@nojumper)

На средината на јануари Вест присуствуваше на забавата за четвртиот роденден на неговата ќерка Чикаго, но тој тврдеше дека не бил поканет и дека морал да ја добие адресата од раперот Тревис Скот. Ким наводно била шокирана кога дознала дека објавил видео за тоа дека не е поканет на нејзината забава, бидејќи штом побарал да дојде, му била дадена локацијата. Вест продолжи со обвиненија дека нема пристап до сопствените деца.

ФОТО | Канје Вест конечно ја преболи Ким: Се фали со новата девојка каде и да стигне!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tele Real RD (@telerealrd)

Февруари 2022 година

Февруари започна нелагодно за Кардашијан и Вест, кои јавно се бореа на „Инстаграм“ за присуството на Норт на „ТикТок“. Ким во реплика објави „Разводот е доволно тежок за нашите деца, а опсесијата на Канје да се обидува да ја контролира и манипулира нашата ситуација толку негативно и јавно само предизвикува дополнителна болка за сите“, е ужасно, напиша Кардашијан.

ФОТО | Никако да престане кавгата: Канје Вест и Ким Кардашијан се караат и преку инстаграм

На 7-ми февруари парот Кардашијан- Дејвидсон објавија дека се во врска.

ВИДЕО | „Таа ми е девојка“: Пит Дејвидсон ја потврди врската со Ким Кардашијан

Остатокот од месецот помина во војување на Канје Вест со Дејвидсон. Раперот се раздели со Џулија Фокс и влезе во уште појавен конфликт со момчето на Ким. Прво го нападна преку Кид Куди, па лично на неговите социјални мрежи, заканувајќи се да се држи подалеку од неговите деца.

Ким побара забрзување на процедурата на развод.

ВИДЕО | JEEN-YUHS: Зошто секој треба да го знае Канје Вест

Март 2022 година

Судијата го одобрил барањето на Кардашијан да биде „легално сингл“ на 1 март. Името на реалити ѕвездата сега е официјално „Ким Кардашијан“, без „Вест“. Канје, наводно, не бил на сослушувањето, но тој објавил песна за разводот на Инстаграм помалку од 48 часа подоцна.

Ким конечно е слободна жена: Канје имал три барања, судот ги отфрлил

На 2 март, Вест исто така го објави своето музичко видео за „Eazy“ кое предизвика голема врева на интернет. Во него, Вест обезглавува и ја закопува жива, цртаната верзија на Дејвидсон, докажувајќи дека тој сè уште е во војна со ѕвездата на „SNL“.

ВИДЕО | Канје Вест не се откажува: Го „погреба“ момчето на Ким во новиот спот

Иако на Дејвидсон му било смешно видеото, Ким мислела дека е премногу насилно и била лута на Канје.

ФОТО | Дали момчето на Ким Кардашијан ја има истетовирано на гради?

На 11 март, Кардашијан ги подигна работите на следното ниво, објавувајќи фотографии од Дејвидсон на нејзиниот инстаграм-профил за прв пат досега. Ова предизвика уште еден испад на Канје Вест во кој во преписка со Пит, договараат средба. Останува да видиме дали ќе се разреши конфликтот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

ФОТО | Ким му кажа збогум на Канје: Ѕвездата ја потврди врската со Пит Дејвидсон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот