ФОТО+ВИДЕО | Зошто многу од жените го сакаат Пит Дејвидсон?

Пит Дејвидсон, Фото: ЕПА, Инстаграм

Пит Дејвидсон се има забавувано со низа познати жени низ годините, вклучувајќи ги Аријана Гранде, Каја Гербер, Маргарет Квали, Кејт Бекинсејл и последна во низата славни девојки беше секако Ким Кардашијан.

За многумина Пит е толку просечен што ги мачи прашањето што е тоа што ги тера сите овие атрактивни жени да се заљубат во него? Одговор нуди Амбер Келехер Ендрјус – експерт за врски за „DailyMail“.

Пит Дејвидсон/Фото/ EPA-EFE/JUSTIN LANE

Неговата смисла за хумор

Со оглед на тоа дека Пит е комичар, несомнено знае да напише смешни шеги, кои ги прикажува секоја сабота навечер во шоуто „SNL“. А Амбер верува дека неговата смисла за хумор е инстантно привлечна.

Во инстражување на 730 учесници на возраст меѓу 18 и 39 години, „International Journal of Medical Sciences“ откри дека смеата може да го направи човекот поздрав. „Смеата е исто така поврзана со повисока интелигенција, ја зголемува перцепцијата за самодоверба, компетентност и статус“, нагласува таа.

„Не е ни чудо што холивудските дами ги привлекува Пит Дејвидсон! Едноставно кажано, Пит ги смее, што ги намалува нивните нивоа на хормони на стрес како кортизол и адреналин, а истовремено им ги зголемува ендорфините и допаминот”, вели Амбер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Ранливост

Во претходните години, Пит беше прилично отворен за неговите проблеми со менталното здравје. Во 2017 година откри дека има гранично растројство на личноста, а Амбер верува дека оваа ранливост, која тој не ја крие, може да привлече луѓе.

„Пит е комичар, но тоа не е единствената причина. Многу познати комичари не се толку привлечни затоа што не се пријатно друштво. Пит го носи срцето на дланка. Беше многу отворен и искрен за своето тешко минато, а отвореноста и ги привлекува жените. Жените сакаат да му помогнат, да го заштитат“, додава таа.

Импресивен круг на познати пријатели

Пит работи на шоуто „Saturday Night Live“ од 2014 година, а со текот на годините стекнал многу познати пријатели. Според Амбер, ова е многу важно за холивудските дами.

„Холивуд и „SNL“ се синоними, од икони како Мајк Мајерс, Стив Мартин и Еди Марфи до мегаѕвезди како Вил Ферис, Крис Рок и Адам Сендлер… Комичарите од „SNL“ се брендови, тие се сметаат за златни момчиња на Холивуд. Пит Дејвидсон со години е дел од тој тим и е магнет за жените“, тврди таа.

Висина

Пит е висок преку 190 сантиметри, а Амбер смета дека тоа го прави привлечен и за жените.

„Високите мажи генерално им се попривлечни на жените отколку пониските. Истражувањата покажуваат дека во нашата ДНК е запишано дека нè привлекуваат повисоки мажи. Според Би-Би-Си, повисоките мажи имаат поголема веројатност да бидат избрани на подобри деловни позиции. Ние исто така природно го поврзува финансискиот успех со „големината“ и „доминацијата“. Пит ја има таа карактеристика на алфа мажјак“, верува таа, додавајќи дека жените со него веројатно ќе се чувствуваат безбедно.

Пит Дејвидсон, Аријана Гранде/ Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Таа додава дека ова не е единствената физичка карактеристика што е доблест за Пит во моментов. „Постои тренд во Холивуд во моментов убавите жени да бидат во врска со мажи кои не се класично привлечни, или кои се слаби, тетовирани… Само погледнете ги Maшин Ган Кели со Меган Фокс, Тревис Баркер со Кортни Кардашијан и сега Пит со Ким“, вели Амбер.

Гласините за големината…

Со години, Пит го следат гласини за надареност. Ова дополнително го поттикна неговата поранешна девојка Аријана Гранде во спотот за песната „Thank U, Next“.

Имено, во една сцена можеше да се види тетратка во која секоја страница е посветена на некој од нејзините бивши. Фановите брзо забележаа дека зборот „огромен“ напишан со голем, задебелен фонт може да се види на страницата на Пит.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот