ФОТО | Никако да престане кавгата: Канје Вест и Ким Кардашијан се караат и преку инстаграм

канје вест ким кардашијан
Фото: EPA-EFE/RINGO CHIU

Караниците преку социјалните мрежи не се нешто ново, но најчесто никогаш не значат паметно решение на проблемот.

Меѓу Канје Вест и неговата наскоро поранешна сопруга, Ким Кардашијан, ваквата атмосфера веќе подолго време ги жести социјалните мрежи, а веќе паднаа и тешки обвинувања меѓу нив.

Прво Канје објави скриншот од нивнатата најстара ќеркичка Норт, тврдејќи дека против негова волја малечката користи Тик Ток, на што Ким одговори дека таа социјална мрежа ја прави среќна нивната ќерка.

Канје Вест/Принскрин/IИнстаграм
Канје Вест/Принскрин/Инстаграм

„Што треба да направам кога мојата ќерка отвора профил на Тик Так против моја волја?“ – се запраша раперот на Инстаграм.

На ова, Ким не остана должна:

„Постојаните напади врз мојата личност при секое интервју или статус на социјалните мрежи носат многу поголема штета за нас, а особено за нашите деца, од било што друго што може да се случи на Тик-Ток.“

Таа додаде дека како одговорен родител на чиј грб падна грижата за децата, таа правела се’ што може за да ја заштити ќерка си.

„Сакам Норт да ја изрази својата креативност и она што одговара на нејзината возраст и потреби. Бидете убедени дека секое видео кое Норт Вест го објавува, го проверувам прво јас, а таа бескрајно е среќна што може да се изрази преку  социјален медиум“.

Но, не беше само оваа ситуација врвот. Наскоро парот доживеа ексалирачки обвинувања.

„Ким ме обвини дека имам порачано да ја ликвидираат. Тоа е тешко обвинување и не може некој така да си игра со животот на Афроамериканците. Ме обвини и дека сум крадливец, а јас немам ни број од нејзиниот телефон, напиша раперот на објава на Инстаграм која во меѓувреме ја избриша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Shade Room (@theshaderoom)

Раперот додаде дека Ким не му дозволувала да ги види децата и едвај дозволила да присуствува на неодамнешниот роденден на ќерката Чикаго. Кавгата на социјалните мрежи ја следат преку милион луѓе, а голем број од нив се прашуваат дали е ова вистинскиот начин да се решат проблемите и дека ова е само лошо влијание врз нивните деца.

Ким и Канје се пред официјализирање на својот развод, а и обајцата почнаа нови љубовни врски пред воопшто да ги расчистат своите односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот