ВИДЕО | „Таа ми е девојка“: Пит Дејвидсон ја потврди врската со Ким Кардашијан

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон
Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон / Фото: EPA-EFE

По неколку месеци дружење, комичарот Пит Дејвидсон и старлетата Ким Кардашијан официјално се во врска. Имено, во разговор за „People“, Пит ја потврди врската со Ким и кажа дека таа му е девојка.

„Немам Инстаграм, Твитер или што било од тоа. Така што, најголемиот дел од мојот секојдневен живот го поминувам на снимање. Во слободно време се дружам со пријателите или се опуштам со девојка ми дома“, изјави комичарот за „People“.

И покрај тоа што е фотографиран речиси секогаш кога излегува во јавност, на Пит не му пречи тоа што е во центарот на вниманието и вели дека неговата растечка слава нема влијание врз неговиот приватен живот.

„Понекогаш се случува некој да ми се впушти во лице и да ми искоментира за нешто, но освен тоа, прилично е добро. Не е страшно. Може да биде многу полошо”, вели Дејвидсон.

Пит и Ким почнаа да се гледаат во октомври, минатата година. Наредниот месец, Ким гостуваше во комичната емисија „Saturday Night Live“, во која Пит учествува како комичар веќе седум години.

Ако е лош состанокот со мене, барем ќе ужива во добра храна: Каде Пит Дејвидсон ја носи Ким Кардашијан на состанок?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот