ВИДЕО+ФОТО | Има ли уште сомнежи? Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон на пица и сладолед држејќи се за раце и во топла прегратка

ким кардашијан пит дејвидсон
Фото: Profimedia

Ова треба да ги избрише сите сомнежи дека помеѓу Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон постои нешто навистина – последното отворен однос пред папараците и јавното изразување емоции што тие го претставија во текот на нивниот последен состанок е нешто што вели – ова е сериозно.

Двојката прикажа многу повеќе од досега пред апаратите на јавноста – се држеа за раце, разговараа со флертувачки погледи и цврсто се гушкаа додека чекаа сладолед во областа Ферфакс во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @davidsongalllery

И додека двојката досега редовно беше видена заедно но без јавно изразување на емоции, ова се чини дека е отворен знак од нивна страна дека нивната врска станува поудобна и поинтензивна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @davidsongalllery

За состанокот Ким и Пит грабнаа пици во „Jon & Vinny’s“ на Ферфакс – седејќи на задната маса и користејќи го приватниот влез – пред да го комплетираат оброкот со сладоледот на „Thrifty“ во „Rite Aid“.

Кога работите сè уште беа свежи со Пит и Ким во ноември, многу луѓе претпоставуваа дека тоа е публицитет, но речиси е невозможно да продолжите да се сомневате во тоа сега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kkwlive

И иако, по посведоченото минатите месеци, се чини дека дуото сè уште ги презема работите релативно бавно, оваа опуштена ноќ во градот е покажува дека работите меѓу нив се движат во многу добра насока. Неодамна се зборуваше дека Пит е многу внимателен со Ким затоа што ова за него е најважната врска која досега ја имал, и затоа и поинаку и пополека навлегува во односот со неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот