ВИДЕО | Канје Вест не се откажува: Го „погреба“ момчето на Ким во новиот спот

Фото: EPA/JASON SZENES/Скриншот, Инстаграм

Проблематичниот Канје Вест го објави видеозаписот за песната „Eazy“, чиј текст е прилично вознемирувачки бидејќи раперот му се заканува на комичарот Пит Дејвидсон, новото момче на Ким Кардашијан.

Видеозаписот сѐ уште не е прикачен на платформата Јутјуб, каде вообичаено музичарите ја промовираат својата нова музика, туку постои само како објава на инстаграм-профилот на Канје. Единствено што се знае е дека за анимацијата се погрижил уметникот azxd.

Според многумина, приказната на видеозаписот е бизарна и вознемирувачка – Канје го киднапира Пит, го закопува во земја и го украсува со ливчиња од роза.

Како потсетување, Пит Дејвидсон е во врска со Ким Кардашијан од крајот на минатата година, а Канје Вест сѐ почесто го вознемирува со објави на социјалните мрежи. Минатата година, Ким побара развод од раперот со кого стапи во брак во 2014 година, а денеска судот во Лос Анџелес и официјално го потврди нивниот развод.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye (@kanyewest)

Канје Вест не планира да се разведе од Ким

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот