Клои Кардашијан се вери со бившиот кој ја изневери во 9-тиот месец од бременоста: На раката и светка огромен дијамантски прстен!

Instagram
Instagram

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан на својот инстаграм – профил објави нетипична фотографија со која откри дека се верила со нејзиниот поранешен партнер Тристан Томпсон.

Имено, таа објави фотографија на која првично промовира дизајнерки чевли од нејзиниот бренд, но тоа никој не го забележа бидејќи на нејзината рака светка голем дијамантски прстен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)


„Дали?“, Напиша нејзиниот пријател Морган Стевар, а Клои ја потврди среќната вест кратко со потврден одговор.

Да потсетиме, иако Клои тврдеше дека никогаш нема да му прости на Тристан за прељубата со најдобриот пријателка на нејзината сестра Кајли Џенер, Џордани Вудс, очигледно парот решил да го остави минатото зад себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Како што тврди близок извор на семејството Кардашијан, старлетата му простила на кошаркарот сè поради нивната ќерка Тру. Таа сакала Томпсон да има блиски односи со својата ќерка и да поминуваат повеќе време како семејство, за да може малото девојче да расте во здрава околина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tristan Thompson (@realtristan13)


Додека парот поминувал подолго време заедно, главно за време на карантинот, љубовта очигледно повторно се „разгорела“. Без оглед на тоа што старлетата е свесна дека јавноста ја осудува затоа што смета дека не требала да му прости, таа тврди дека сака само да бидат семејство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот