Поранешниот партнер на Кортни Кардашијан полудува од болка – не може да ја преболи

Скот Дисик/Кортни Кардашијан
Скот Дисик/Кортни Кардашијан

Скот Дисик, поранешниот партнер на Кортни Кардашијан иако одамна веќе не е со неа, не може да ја преболи.

Како што пишува „Sun“, а извор близок за Е! пренесува, вестите за свршувачката на Кортни со тапанарот на групата „Blink 182“ биле претешки за него.

Извор близок до нив откри дека Диск „знаел дека тоа ќе се случи, бидјеќи веќе го предупредиле од семејството Кардашијан“. Тоа не му помогнало да ја надмине болката, а Скот и понатаму е „тажен и загрижен“- пренесуваат медиумите.

Иако раскинаа во 2015, тој во мигов поминува низ многу тежок период.

„Скот е полуден. Тој е многу болен и прашање на време е кога состојбата ќе се влоши“ – пишуваат од Sun.

На социјалните мрежи веќе се појавија купче мемиња и гифови со кои Дисик беше благо исмеван како се чувствува по објавувањето на свршувачката.

Скот и Кортни ја започнаа својата врска во 2006 година, и беа заедно повеќе од 10 години, и имаат три деца, синови Мејсон и Рејн и ќерка Пенелопе. Никогаш не се венчаа. Нивната врска заврши во 2015 година, кога Кортни го напушти Скот на денот на независноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот