Метју Пери ги разочара фановите со изгледот: Гол задник, повеќе од 25 килограми вишок… (ФОТО)

профимедиа

Холивудскиот актер покажа повеќе од што сакаше, кога излезе од својот автомобил во Лос Анџелес…

Славниот холивудски актер и ѕвездата на хумористичната серија „Пријатели“, Метју Пери (50) се повеќе ги шокира своите обожаватели со својот изглед и вишокот килограми, а овој пат беше сликан со спуштени панталони, а на сликите може да се види и неговиот задник.

Актерот излегувал од автомобилот, а со оглед на фактот дека има околу 25 киограми вишок, панталоните му се свлекле надолу при што неговиот задник се покажал, а фановите веднаш го окарактеризираа како „голем и стар задник“.

Метју Пери, која ја играше улогата на Чендлер Бинг и кој во текот на една деценија ја засмејуваше публиката во познатата серија „Пријатели“ многу се трансформираше во однос на времето кога започна со снимањето на серијата во 1994 година.

Актерот денес поради проблемите со алкохолот и дрогата повеќе не личи на себе. Тој беше на лекување поради зависноста од таблети и алкохол, а во едно интрвју призна и дека не се сеќава на три години од снимањето на „Пријатели“ поради количината на опијати која ја земал.

Неодамна беше уловен и со пожолтени раце, што со неговата негрижа и нехигиена повторно ги згрози и загрижи фановите.

Се чини дека осамениот живот тешко му доаѓа, откако неодамна ја раскина врската со 21 година помладата девојка, агентката за таленти Моли Хурвиц (29), со која беше во врска од декември 2019 година.

Америкнските медиуми пишуваа дека не е познато што ја прекинало нивната врска, но актерот брзо и се посветил на потрагата по нова љубов.

– Му се посвети на барањето на нова љубов, контактира со нови девојки на интернет, им испраќа пораки, изјави извор близок на Метју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот