Лувр - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Лувр воведува поскапи билети за посетители кои доаѓаат од земјите надвор од ЕУ: Синдикатите најавуваат штрајк

Секој полнолетен посетител на Лувр кој доаѓа од земји надвор од Европската унија, Исланд, Лихтештајн и Норвешка, од среда ќе мора да плати билет од 32 евра. Тоа е зголемување од дури 45 отсто. Во исто време, влезот во дворецот Версај ќе биде поскап за три евра, објави „Франс24“ .

Најпогодени ќе бидат Американците, државјаните на Велика Британија и Кина, кои се меѓу најбројните странски посетители на музејот, но и туристите од посиромашните земји.

Синдикалните здруженија остро се спротивставија на ваквите промени во политиката за наплата на влезници и повикаа на штрајк.

Мона Лиза во Лувр / EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Според нив, голем дел од музејската колекција, која брои речиси половина милион експонати и потекнува од Египет, Блискиот Исток и Африка, претставува универзални човечки вредности. Затоа, тие сметаат дека различните цени на билетите според потеклото на посетителите се дискриминаторски.

Од синдикатите додаваат дека поскапите билети за речиси 10 евра не се практични ниту од организациски аспект, бидејќи ќе бараат проверка на идентитетот на посетителите.

Посетата на Лувр и понатаму ќе биде бесплатна за малолетници од сите земји, како и за оние од Европа помлади од 26 години.

Парискиот музеј Лувр делумно отворен: Продолжува штрајкот на работниците

Во Париз уапсени уште четворица осомничени за кражбата на векот во Лувр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот