Кралицата Елизабета за првпат во јавноста оваа година: Се појави во својата омилена боја и со омилената ташничка

Profimedia
Британската кралица Елизабета / Фото: Профимедиа

Ова јавно појавување на кралицата е прво од декември минатата година кога јавноста ја виде на домашната прослава, но и прво официјално откако започна пандемијата. Таа излезе од својата палата два дена откако се ублажени мерките за строго затворање воведени поради коронавирусот во Британија. Иако не носеше маска, таа одржуваше дистанца и во целост ги испочитува епидемиолошките мерки.

Откако неодамна принцот Филип (99) беше пуштен од болница, британската кралица Елизабета Втора (94) за првпат се појави во јавноста од почетокот на оваа година.

Фото: Профимедиа

Имено, кралицата која наскоро ќе наполни 95 години го посети споменикот на Воздухопловните сили во Ранимед по повод 100-годишнината од Кралското воздухопловство.

За овој настан таа облече светло зелен комплет, додека за моден детаљ избра шешир во истата боја со бели и жолти цветови.

Фото: Профимедиа

Стајлингот го заокружи со торбичката од лондонскиот луксузен бренд „Launer“ која секогаш ја носи.

Елизабета Втора ги носи ташните од оваа лондонска компанија која е веќе 40 години нејзин личен снабдувач. Ташните се рачно изработени во Волсал и чинат меѓу 1.200 до 11.000 фунти во зависност од дизајнот и материјалот.

Фото: Профимедиа

Да се потсетиме, кралицата Елизабета Втора не е видена во јавноста од декември кога се дружеше со членовите на кралското семејство во дворецот Виндзор на божиќната прослава, а во јавноста на јавен настан се нема појавено од почетокот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот