Која е „Жената мачка“, судијката поради која Ѓоковиќ е дисквалификуван од УС Опен

Новак Ѓоковиќ е исфрлен од УС Опен откако во момент на нервоза поради загубата на гемот го удри топчето кое заврши во грлото на линиската судијка.

Ѓоковиќ дисквалификуван од УС Опен! (ВИДЕО)

Њујорк, САД / 06 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Главниот судија на грен слем турнирот немаше преголем избор и мора да го дисквалификува најдобриот светски тенисер бидејќи несакајќи повредил службено лице, во овој случај линиски судија.

Главниот судија ја објасни дисквалификацијата на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ во извинувањето кое го упати преку социјалните мрежи, не сакаше да го спомене името на судијката поради која заработи дисквалификација, но тоа го направија медиумите. 

Новак Ѓоковиќ: Се извинувам, ова е лекција за мене!

Линиската судијка е 56-годишната Лаура Кларк која користи интересно име на социјалните мрежи „Жена мачка“.

Таа живее во Овенсборо во сојузната американска држава Кентаки, го обожува тенисот, а во овој спорт се вљубила гледајќи ги Пит Сампрас и Андре Агаси. Станала тениски судија уште додека студирала, а во меѓувреме успеа да дојде и до позиција да суди на грен слем турнирите иако стартот на кариерата не бил ветувачки.

Првиот турнир на кој судела бил тениски турнир во Евансвил во 2007 година, но направила неколку поголеми грешки поради кои цела година не била во можност да суди.

– За моја среќа тоа беше послаб турнир во женска конкуренција. Тогаш многу грешев и поради тоа цела година не ми дозволија да судам – открива Лаура.

На следниот турнир добива можност да суди само поради случајност, еден од линиските судии доживеал срцев удар и на негово место била повикана Лаура Кларк. Оттогаш кариерата и оди во нагорна линија и успева да дојде и до позиција да биде судија на најголемите тениски турнири.

Тениските асови шокирани: Не сакаме вакви работи

Главата горе, брате: Познатиот холивудски актер му испрати поддршка на Новак Ѓоковиќ! (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот