Новак Ѓоковиќ: Се извинувам, ова е лекција за мене!
Првиот носител на УС Опен, Новак Ѓоковиќ заработи дисквалификација од УС Опен откакона дуелот со Пабло Карењо Буста со топче погоди линиски судија.
Откако ја дозна одлуката од организаторот, дека е дисквалификуван и остана без заработка од УС Опен, Ѓоковиќ преку социјалните мрежи се извини за својата постапка и призна дека погрешил.
„Целата ситуација прави да се чувствувам тажно и празно. Проверив како се чувствува судијката и според информациите кои ги добив, таа е добро, му благодарам на Бога. нејзиното име не смеам да го откријам поради зачувување на приватноста. Навистина ми е жал што и направив таков стрес. Не беше намерно. Беше погрешно. Сакам ова непријатно искуство и дисквалификацијата да ги претворам во животна лекција како би можел да продолжам да растам и да се развивам и како тенисер, но пред се како човек. Им се извинувам на организаторите на УС опен. Благодарен сум на тимот и моето семејство и навивачите кои секогаш се со мене. Ви благодарам и навистина ми е жал. Ова беше тежок ден за сите“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.