Ѓоковиќ дисквалификуван од УС Опен! (ВИДЕО)

фото: твитер

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван од грен слем турнирот во САД откако случајно го погоди линискиот судија после загубениот гем за 6:5 во мечот за пласман во четвртфиналето против Пабло Карењо Буста.

Ѓоковиќ во намерата да го врати топчето кон едно од децата што ги собира, беше невнимателен и погоди жена која е линиски судија и падна на земја.

Ударот беше толку незгоден што таа почна тешко да дише. Нејзината здравствена состојба стана подобра после лекарската помош.

Судиите и супервизорот се состанаа неколку минути, по што решија да го дисквалификуваат од турнирот првиот светски рекет.

На видео записите можете да погледнете што се случи:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот