Израелски напади во Бејрут, Либан/Фото: Houssam Shbaro / AFP / Profimedia

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

Српски војник во Либан утрово починал од тешки повреди предизвикани од израелски проектил кој паднал врз база на ОН во која се сместени мировните сили, објави „Н1“.

Смртта на припадникот на Војската на Србија, постариот водник Милован Јовановиќ, ја потврди Министерство за одбрана на Србија.

 

„На постариот водник Јовановиќ по ранувањето му била укажана итна медицинска помош во болницата во рамки на базата, а потоа со хеликоптер бил пренесен во универзитетски медицински центар во Бејрут, каде што починал околу 04:00 часот по локално време“, соопшти министерството.

Во нападот биле повредени уште двајца припадници на меѓународните сили — еден од вооружените сили на Република Ел Салвадор и еден од вооружените сили на Кралството Шпанија, се додава во соопштението.

Израел и Либан наводно се согласиле за целосно примирје — Ерусалим продолжи со нападите

Постариот водник Милован Јовановиќ се родил на 6 јуни 1989 година во Краљево.

Зад себе остава сопруга и две малолетни деца.

Во Војската на Србија служел од 10 декември 2011 година, а во мировната мисија во Либан бил од јануари годинава, наведува Министерството.

Министерот за одбрана Братислав Гашиќ и началникот на Генералштабот на Војската на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ, упатија сочувство до семејството на трагично загинатиот војник.

УНИФИЛ: Зошто мировниците на ОН се во Либан?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот