Главниот судија ја објасни дисквалификацијата на Ѓоковиќ
Сорен Фримел, главниот судија на УС Опен објасни зашто донесе одлука да го дисквалификува Новак Ѓоковиќ.
Фримел порача дека дисквалификацијата беше единствена можност бидејќи одлуката е заснована на „фактот дека Новак го удри топчето во момент на бес, неодговорно и дека го погоди судијата во грло“.
Судијата додаде дека иако најдобриот светски тенисер немал намера да повреди некого, правилата налагаат дека морал да донесе одлука да го исклучи Ѓоковиќ од турнирот.
– Има два фактори за одлуката, едниот е акцијата, а вториот е резултатот. Иако немаше намера кај Новак, акцијата донесе резултат, а тоа е удирање на топчето во судијата како и податокот дека таа очигледно беше повредена. Тоа се главните фактори при носењето на одлуката во овој случај. Новак истакна дека не го погоди судијата намерно. Рече: да, бев лут и го удрил топчето кое го погоди линиската судијка, фактите се јасни но немав намера тоа да се случи не би требало да бидам дисквалификуван – изјави Фримел за новинарите.
Сорен Фримел за главен судија на УС Опен е поставен минатата година и вели дека никогаш досега не морал да казни тенисер на грен слем.
– Казнувањето на тенисер на грен слем е многу важна и тешка одлука. Не е важно на кој терен се случува тоа или за кој играч станува збор, мора да се донесе исправна одлука – смета Фримел.
Главата горе, брате: Познатиот холивудски актер му испрати поддршка на Новак Ѓоковиќ! (ФОТО)
Новак Ѓоковиќ после случката се огласи преку неговиот инстаграм-профил, а во објвата истакна дека му е жал за тоа што се случи и дека ова е „лекција“ за него.
Во меѓувреме, и тениските асови ги изразија своите ставови околу оваа случка. Нивните реакции прочитајте ги ТУКА.