Исповед на поранешна наркоманка: Сестра ми ми кажа дека избрала ПЕСНИ ЗА МОЈОТ ПОГРЕБ, јас само мечтаев да ЗЕМАМ ИГЛА (ФОТО)

Меди Милер била само обична тинејџерка од Дулут во Минесота, пораснала во американско семејство од средна класа, се додека во тинејџерскиот период не се сретнала со дрогата и алкохолот. Нејзиниот живот, но и животот на нејзиното семејство, се претвори во пекол.

– Тинејџерите експериментираат со дрогата и алкохолот. Се чини дека тоа е „нормална“ фаза за многумина. Меѓутоа, тоа за мене беше опасна фаза. Некои можеа да се сопрат, а јас бев опседната. Прв пат во животот се почувствував самоуверено. Одеднаш не ме интересираше што другите мислат за мене. Започнав да губам килограми и самодовербата нагло порасна – ја започна приказната Меди за еден американски сајт на кој се објавуваат животни исповеди од обичните луѓе.

Како што вели, кога имала шеснаесет години, потребата за бегство станала нејзин приоритет. Во тоа време била во врска со постаро момче, а тоа нејзините родители не го одобрувале.

– Моите родители мислеа дека тој е оној кој ми ги дава таблетите против болки на кои бев навлечена. Бараа судска забрана за него. Поради тоа го засакав уште повеќе. Во текот на една кавга со мајка ми, одлучив да си заминам. Како од нејзината уста излегуваа зборовите „Немој да се дружиш со Ник“, пукнав. Ја нападнав. Сестра ми ме фрли на земја додека повикаа полиција. Ми ставија лисици и ме сместија на задното седиште. Се обидував да го скршам прозорот шутирајќи го. Бесот го презема моето тело. Завршив во притвор за малолетници. Беше застрашувачки. Не припаѓав таму. Бев пуштена неколку недели подоцна и примена во својот прв центар за лекување – наведе таа.

Прочитајте и...  СЕМЕЕН ТЕРАПЕВТ: Што да одговорите кога детето ќе постави незгодно прашање?

До 17-та година, кога го завршила средното училиште таа веќе била зависник од Оксикодон, опиоиден аналгетик кој се користи за ублажување на болките.

– Родителите организираа забава за мене по повод завршувањето на средното училиште и тие неколку илјади долари кои ги добив ги потрошив исклучиво на таблети. Додека повеќето деца се подготвуваа за на колеџ, јас се обидував да смислам како да најдам пари за дрога. Моите стари пријатели од детството се дистанцираа. Моето семејство се грижеше, гледаа како моето тело откажува.

Родителите ја исфлиле кога виделе дека краде. Постарата сстра и дозволила да остане со неа и нејзиниот цимер. Таму ги поминала наредните пет години. Цело време се дрогирала со таблетите, а преминала и на хероин.

Прочитајте и...  Чулев не ја потврдува количината на запленетата дрога во Сарај

– Центрите за лекување беа моето бегство. Бегав од хаосот кој го создадов во рехабилитацијата. Се претварав дека сум подготвена да се променам. Никогаш тоа не траеше. Сонував само шприцот да ми влезе во вената. Опсесијата создаде чудовиште од мене. Не бев повеќе млада зрела личност пред која е животот. Бев наркоман кој чекаше да умре. Сестра ми еден ден ми рече: „Избрав песни за твојот погреб“, пишува Меди.

Едно случување од 2015 година направил пресврт во нејзиниот живот.

– Во август 2015 година го возев камионот на дедо ми. Додека го возев, очите почнаа да ми се вкрстуваат. Удрив во некој џип. Ербегот ме разбуди. Започнав да паничам. Додека другиот возач повикуваше полиција, јас излегов од камионот и започнав да трчам кон бензинската пумпа. Бегав од лекување а бев толку „средена“ што едвај ги држев очите отворени. Тоа беше крајот. Не можев повеќе да бегам. Седнав на работ од патот и чекав полиција. Имав разработени идеи како да се извлечам од ситуацијата во која се вметнав. Полицаецот кој ми ја напиша казната ми кажа „Вратете се на лекување што поскоро“, наведува Меди.

Прочитајте и...  Поранешната девојка на Ал Пачино: Тој е голем скржавец, ми купуваше само цвеќе

Од тој ден, 6 септември Меди е целосно „чиста“.

– Родив прекрасно момче на 25 април 2017 година. Мојот живот повеќе не беше само мој за да го уништувам. Сега имам одговорност. Имам дете кое целосно зависи од мене. Ме спаси. Тој е причината за се во мојот живот. Ми покажа што е љубов. Ме научи како да се сакам себе. Ме учи да растам, раскажа таа.

Прочитај повеќе

Заштитете го срцето со пиење вода во која претходно сте додале овошје

Слободен печат

Снимка од Сирија која ќе ви го скрши срцето: Таткото ја научил ќерката да се смее секојпат кога ќе слушне бомба (ВИДЕО)

Слободен печат

На прагот на 40-те исфрлете го ова од вашиот несесер!

слободен печат

Обожавател ѝ кажа на Селма Хајек дека има премногу ботокс, а еве што му одговори таа! (ФОТО)

Слободен печат

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ лансираше нов предизвик на социјалните мрежи.

Слободен печат

Јапонците ја најавија пролетта со голотија

Слободен печат

Остави Коментар

дваесет − 4 =

Прочитај повеќе

На денешен ден се родени Курт Кобејн, Ријана и уште неколку музичари кои оставија голем белег во музиката…

Слободен печат

Топлите стапала го чуваат здравјето: Да ги разладите стaпалата е исто како да го разладите коренот на некоја билка, тоа ќе се одрази на целиот систем

слободен печат

Стил на Неделата: НАТАЛИ БАШОСКИ, уметница

Слободен печат

Несекојдневна операција во Лондон: Свирела виолина додека ѝ го оперирале мозокот (ВИДЕО)

слободен печат

СЕМЕЕН ТЕРАПЕВТ: Што да одговорите кога детето ќе постави незгодно прашање?

Разговор со Кристина Димитријевска: Љубомората е болест против која нема лек

Јасмина Кантарџиева Димков