• Хероин

Кривична за 55-годишна скопјанка, во нејзиниот дом бил пронајден хероин и дигитална вага

СВР Скопје поднесе кривична пријава против педесет и петгодишната М.К. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.04.2024, полициски службеници извршиле претрес во нејзиниот дом, при што биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага.