Фото: Крајина.ба

ФОТО: Возач со камион излета во реката Уна во Босна и се удави, му бил брат на поранешен фудбалер

Во тешка несреќа што се случила синоќа по полноќ во местото Рипач кај Бихаќ, во Босна и Херцеговина, загина 41-годишниот возач на камион, Адис Капиќ од местото Цазин, јавуваат босанските медиуми. Тој му бил брат на поранешниот фудбалер на ФК Сараево, Рифет Капиќ.

Неофицијално, до несреќата дошло кога загинатиот возач, кој претходно се расправал со колегите во фирмата и оштетил неколку други возила, бегајќи од полицијата излетал во реката Уна и се удавил.

Официјално, полицијата не соопштува многу детали за трагедијата.

„Синоќа во 00:20 часот се случи сообраќајна несреќа во која камион – товарно моторно возило излетал во реката Уна кај мостот во населбата Рипач. Едно лице загина, се удави во реката Уна. Увидот сè уште е во тек. Се чекаа утринските часови за да може да се изврши увидот“, изјави претходно портпаролката на МВР на УСК, Азра Малкиќ, за „Аваз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот