ФОТО | Помина 28 дена во болница и сега изгледа вака: Првите фотографии од принцот Филип откако ја напушти болницата веднаш го обиколија светот

Фото: Профимедиа

Принцот Филип (99), војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, денес ја напушти болницата, а беше сликан од папараците на задното седиште од автомобилот „BMW“.

Да се потсетиме, тој помина 28 дена во болница, а како што велат британските медиуми, тој досега никогаш подолго не престојувал во некоја здравствена установа.

Принцот Филип беше хоспитализиран на средината на февруари, откако му беше утврдена инфекција и проблеми со срцето. По направената операција, тој беше ставен на третман за закрепнување, а денес сосема здрав ја напушти болницата.

Инаку, принцот Филип во јуни оваа година ќе наполни јубилејни 100 години.

Првите слики по неговото напуштање на болницата, веднаш го обиколија светот, погледнете како изгледа тој сега…

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот