ФОТО | Еден од некогаш најпосакуваните мажи во светот денес изгледа непрепознатливо: Тешко дека ќе погодите за кого станува збор!

Фото: Профимедиа

Холивудскиот актер Ник Нолти овие денови ќе го прослави големиот 80-ти роденден, а некогаш еден од најпосакуваните мажи во светот денес е едвај препознатлив.

Ник Нолти е роден во американската Небраска, а се школувал во Ајова. Во средно училиште играл фудбал и го биел глас како еден од подобрите играчи, но бил исфрлен од неколку тимови бидејќи носел алкохол на тренинзите. Не бил примерен ученик и имал лоши оценки, но уште од тинејџерските денови имал интерес за глума и се обидел да стане дел во локалните театри, што на крајот и му успеало.

Фото: Профимедиа

Нолти ја започнал кариерата како модел, а потоа повторно се фрлил во актерските води и поради својот шарм и харизма брзо го освоил целиот свет. Во текот на богатата кариера снимил повеќе од 50 филмови и 3 пати бил номиниран за престижната награда Оскар.

Фото: Профимедиа

„The Prince of Tides“, „The Thin Red Line“, „Jefferson in Paris“, „I Love Trouble“, „Affliction“ се само дел од филмовите од неговата богата кариера.

Фото: Профимедиа

Жените ширум светот воздивнуваа по него, а во младоста беше сметан за секс симбол на Холивуд. Сепак, оттогаш се поминати децении, а Ник веќе не е она што беше – 80-годишниот актер е едвај препознатлив под долгата брада, а бушавата коса и лежерниот стил го трансформираа во човек кој ретко кој би го препознал на улица „од прва“.

Фото: Профимедиа

Великанот на американската филмска сцена, освен по актерската кариера, познат е и по турбулентниот приватен живот, па така медиумите често го нарекуваа „лошото момче на Холивуд“. Тој се борел со низа зависности, а зад себе има и бројни пропаднати врски. Имал и проблеми со властите, а во дамнешната 1965 година бил уапсен поради фалсификување на документи. Добил дури 45 години затворска казна, но успеал да се извлече бидејќи пресудата на крајот била отфрлена. Сакал да замине во Виетнам да ја брани американската страна, но поради проблеми со властите не можел да се пријави во војска.

Фото: Профимедиа

Во септември 2002 година, актерот бил уапсен под сомнеж дека возел во алкохолозирана состојба во Калифорнија, а 3 дена подоцна се пријавил во клиника за одвикнување од алкохол. Добил и условна казна од 3 години, а неколку пати се пријавил и во клиника за одвикнување од опијати.

Фото: Профимедиа

Пред олтарот застанал 4 пати, а има и 2 деца. Нолти денес живее мирен живот без пороци и се обидува да остане што подалеку од очите на јавноста. Го поврзуваа и со Карен Еклунд, Дебра Вингер и Вики Луис, но тој за својот приватен живот многу ретко зборува во јавноста.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот