ЕП, Венчиќ: И Македонците знаат да играат одбојка!
Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ после историската победа во понеделникот против Белорусија, имаат нова шанса да се изборат за нов голем резултат на Европското првенство. Постојат и натаму теоретските шанси за учество во наредната елиминациска фаза.
Од друга страна репрезентативецот на Словенија кој во неделата го прослави својот 33 роденден, Дејан Венчиќ ги сподели очекувањата во пресрет на четвртиот натпревар на неговата селекција на континенталниот собир.
– Мораме многу сериозно да ја сфатиме македонската репрезентација. Денес секој знае да игра одбојка, дури и Македонците. Секогаш се најопасни во третиот сет, тогаш играат максимално во моментите кога другата селекција е „опуштена“. Не смееме да им дадеме причина да освојат сет – рече словенечкиот одбојкарски репрезентативец, Венчиќ.
Словенците ја почитуваат нашата селекција, но друга страна сакаат да ја продолжат борбата за првото место во групата и добивање „полесен“ противник во осминафиналето на ЕП.
Дуелот од четвртото коло во групата Ц во арената „Стожице“ – Љубљана помеѓу Македонија и Словенија ќе се игра денеска од 17.30 часот.