ЕП: „Спартанците“ бараат чудо против Словенија!

Фото: cev.eu

Сеуште под импресии после првата историска победа на европските шампионати, најдобрите македонски одбојкари во арената „Стожице” – Љубљана пред нов голем предизвик.

После големиот и важен триумф над Белорусија, избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ги одржуваат шансите за осминафинале на континенталниот собир.

Моментно на табелата води Русија (4-0), пред Словенија (3-0), следуваат Финска (1-3), Турција (1-2), Македонија (1-3) и Белорусија (1-3).

„Магична“ беше вечерта против Белорусите, а денеска од 17.30 часот бараме „чудо над чудата“ против еден од домаќините на ЕП, Словенија. Тешка ќе биде задачата, бидејќи освен што ќе ја имаат поддршката од домашните навивачи, имаа и еден ден одмор.

Словенците имаат исто така свои математики, тие сигурно нема да се задоволат само со обезбедениот пласман во наредната фаза, туку со евентуална победа против нас ја продолжат борбата за првото место пред решавачкиот дуел со Русите во петтото коло со цел да се добие „полесен“ противник во осминафиналната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот