Џудистката Реџепи во изолација поради близок контакт со заразен на ковид-19

Фото: judo.org.mk

Арбреша Реџепи (џудо) заради близок контакт со заразен (позитивен случај) на ковид-19, за време на летот Франкфурт – Токио, се наоѓа во делумна изолација, информираат од Македонскиот олимписки комитет.

Поради тоа македонската спортистка нема да може да присуствува на церемонијата на отворањето на Летните олимписки игри.

Со самото тоа Реџепи, заради правилата на ИОК, нема да може да го носи македонското знаме на церемонијата на отварањето на игрите.

Но, таа со посебен транспорт обезбеден од страна на МОК оди на тренинг и секако ќе има право да настапи на Олимпискиот џудо турнир на Олимписките игри ТОКИО 2020.

Реџепи во првото коло на Олимпискиот џудо турнир ќе се бори против Жил Челзи од Велика Британија.

Македонија ќе има претставник во стрелаштво на ЛОИ 2020, Борјан Бранковски: Настапот на Олимписките игри во Токио е остварување на сонот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот