Брус Вилис првпат во јавноста по откривањето на болеста: Фотографијата ја покажува вистинската состојба на актерот

Брус Вилис/ Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Легендарниот Брус Вилис пред неколку дена најави дека се повлекува од актерството и јавниот живот бидејќи му е дијагностицирана афазија, медицинска состојба која се карактеризира со потешкотии со говорот и често е предизвикана од оштетувања на левата страна на мозокот.

Афазија е јазично нарушување предизвикано од оштетување во одредена област на мозокот којашто го контролира изразувањето и разбирањето на јазикот. Многу луѓе имаат афазија како резултат на мозочен удар. И мажите и жените се подеднакво погодени, а повеќето луѓе со афазија се во средните и постарите години. Постојат многу видови на афазија. Тие обично се дијагностицираат врз основа на тоа која област на јазикот на доминантната страна на мозокот е зафатена, како и кој е степенот на оштетување.

Брус Вилис се повлекува од актерството поради тешка болест

Повлекувајќи се од јавниот живот поради болеста, актерот решил деновите да ги поминува со најблиските и во природа, па така неговата сопруга Ема Хеминг (43) објави видео во кое во позадина оди песната „Honky Tonk Women“ од „Rolling Stones“, а таму Брус е „уловен“ како шета во шумата за време на ведриот пролетен ден.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерот делува среќно и се чини дека ужива во друштво на својата сопруга која му е голема поддршка во овој период.

Таа исто така сподели и серија фотографии од излетот на кој се таа и Брус со опис „Мама и тато во своето омилено живеалиште“.


На самите фотографии е забележлива промената кај актерот, па токму затоа оваа објава предизвика вознемиреност кај неговите фанови кои исклучително се загрижени за неговата здравствена состојба.

Да се потсетиме, изјавата дека актерот ја напушта филмската сцена и јавниот живот беше потпишана од неговата сегашна сопруга Ема, поранешната сопруга Деми Мур и сите негови деца.

Што е афазија, тешката болест поради која Брус Вилис се повлече од актерството?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот