Брус Вилис се повлекува од актерството поради тешка болест

Брус Вилис
Брус Вилис / Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Легендарниот Брус Вилис се повлекува од актерството бидејќи му е дијагностицирана афазија, медицинска состојба која се карактеризира со потешкотии со говорот и често е предизвикана од оштетувања на левата страна на мозокот, соопштија членовите на неговото семејство.

„До неверојатните поддржувачи на Брус, како семејство сакаме да споделиме дека нашиот сакан Брус се соочува со здравствени проблеми и дека неодамна му беше дијагностицирана афазија која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на ова, и со многу размислување, Брус ќе се откаже од кариерата што му значеше толку многу. Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата љубов, сочувство и поддршка. Ние минуваме низ ова обединети и сакавме да ги известиме неговите обожаватели затоа што знаеме колку тој ви значи, како што вие му значите“, стои во соопштението кое го споделија неговата сегашна сопруга Ема Вилис, неговата поранешна сопруга Деми Мур и неговите пет деца кои ги има од двата брака.


Брус Вилис е роден на 19 март 1955 година, во Идар-Оберштајн, Западна Германија. Неговиот татко, Дејвид Вилис бил американски војник. Неговата мајка, Марлен К. била Германка, родена во Кауфунген, близу Касел. Вилис е најстариот од четирите деца: тој има сестра, Флоренс, и брат, Дејвид. Неговиот брат Роберт починал во 2001 година, на 42-годишна возраст, од рак на панкреасот.

Откако бил отпуштен од војска во 1957 година, татко му на Вилис со својата фамилија се вратил во Карнис Поинт, Њу Џерси. Неговата мајка работела во банка, а татко му бил заварувач, механичар и работник во фабрика. Вилис одел во средното училиште Пенс Гров, во своето родно место, каде што се соочувал со проблеми со пелтечењето. Неговите соученици го нарекувале Бак-Бак. Забележувајќи дека сака и дека му е лесно да се изразува на сцена, а воедно и дека со тоа ги губи проблемите со пелтечењето, Вилис започнал да глуми, а сите негови средношколски активности биле поврзани со работи како драмскиот клуб, а бил и претседател на студентскиот совет.

По завршувањето на средно училиште, Вилис се вработил како службеник од обезбедување во нуклеарната централа Сејлем, а исто така превезувал и групи работници во фабриката Дупон во Дипвотер, Њу Џерси.

По работењето како приватен детектив, Вилис се навратил на глумењето. Тој се запишал во драмската програма на Државниот универзитет Монтклер. Во неговата последна година од студирањето, тој го напуштил студирањето и се преселил во Њујорк, каде што на почетокот на осумдесеттите години, се издржувал себеси работејќи како шанкер во барот „Камикази“.

Својата актерска кариера ја започнал во 1982 година, кога се појавил како статист во последната сцена во филмот „Judgment“, со Пол Њуман во главната улога. Брус Вилис остане запаметен по култните улоги во филмовите „Die Hard“, „The Fifth Element“, „Armageddon“, „The Sixth Sense“ итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот