Ѕирнете во скапоцениот дом на Ким Катрал – Ако имате 3,25 милиони долари тој може да биде ваш (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, Ким Катрал реши да ја продаде својата куќа. Цената на целиот имот изнесува 3,25 милиони долари.

Имотот се наоѓа во градчето Ист Хемптон, на Атлантскиот океан, а актерката го купи во 1998 година за 420.000 долари. Но, по бројните инвестиции и уредувањето во највисок стил, неговата цена денес е далеку поголема.

Куќата има две дневни соби, две спални соби, неколку бањи, помошни простории, како и гостинска куќа. Се наоѓа во мирниот дел на градчето и е идеална за уживање. Погледот на океан е само дополнителна можност за уживање.

Внатре се наоѓа дневната соба во холивудски стил, како и соба на која се наоѓаат големи екрани. Тука е и модерната кујна, а надвор од куќата се наоѓа туш кабината и џакузито.

Доколку имате 3,25 милиони долари, овој имот лесно може да биде ваш, уживајте во фотографиите…

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот