Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Фергесе, зачинет сос со сирење (РЕЦЕПТ)

Фото:Јутуб-Принтскрин

Албанската кујна е спој на многу традиционални рецепти богати со зеленчук и квалитетно месо. Близината на морето исто така има големо влијание врз албанската кујна и рецептите што се подготвуваат на нивен специфичен начин. Супите во националната албанска кујна заземаат почесно место, особено супите од риба. Десертите се неизбежни, а пак албанските десерти се секогаш богати со овошје.

За денес одбравме еден традиционален албански рецепт на сос – Фергесе. Одличен сос кој обично се служи со топол леб, а може да го послужите со компири или тестенини. Совршено оди и со Таве Коси, уште еден традиционален албански рецепт.

Состојки:

– 3-4 парчиња црвена печена пиперка
–  400 гр домати (излупени)
– 4 полни лажици свежо кравјо сирење
– 1 кромид
– 4 чешниња лук
– 1 лажица мелена пиперка
– 1/2 лажиче чили или лута мелена пиперка
– 2 лажички шеќер
– 1 лажица брашно
– 1 лажица путер
– 1 лажица оригано
– 2 лажички магдонос
– 100мл маслиново масло

Обично се подготвува со домашна печена пиперка, но слободно можете да купите готови печени пиперки во тегла.

Загрејте го маслото во тенџере, па додадете го ситно исечканиот кромид, пржете го 2 минути, а потоа додадете лук, пржете околу 1 минута и на крај додадете ги ситно исечканите пиперки и домати, шеќер, магдонос, мелен црвен пипер и оригано и варете околу 7-10 минути. Течноста треба целосно да испари.

Во мало тенџере, загрејте го путерот и додадете го брашното, пржете околу 1-2 минути, тргнете го од оган и промешајте го сирењето.

Истурете малку маслиново масло во огноотпорен сад, потоа додадете го сосот и одозгора ставете парче црвен пипер и печете во рерна околу 4-5 минути. Посипете со малку свеж магдонос и фергесе сосот е спремен за послужување.

Добар апетит!

Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Флија, кора по кора – без сукање!

Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Пачавуре, колач со готови кори и шербет од портокал (РЕЦЕПТ)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот